А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Изминатото деноноќие најмногу дожд во Дојран

by А1он27/01/2015 - 08:5227/01/2015 - 11:06102
Share0

Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, се наврнати 24 литри дожд на метар квадратен во Дојран, 18 во Гевгелија, 16 во Струмица, 11 во Виница, 10 во Берово, осум во Демир Капија и Дебар, седум во Штип, четири во Кавадарци и Маврово, три во Претор и Пожаране, два во Скопје, Тетово, Лазарополе и Ѓуриште, како и еден во Крива Паланка, Битола и Крушево.

Добивај вести на вибер

Висината на снената покривка е 32 сантиметра во Маврови Анови, 10 во Лазарополе и Виница, девет во Берово, седум во Пожаране, четири во Крушево и Ѓуриште, три во Штип и Претор, како и еден во Струмица, Тетово, Дебар и Тополчани.

Времето е облачно со локални врнежи од снег, а во југоисточниот дел и снег. Дува слаб ветер од северен правец.

Минималните температури во седум часот беа -5 во Маврови Анови, -3 во Крушево и Лазарополе, -1 во Крива Паланка, нула во Струмица, Куманово, Берово, Прилеп, Тетово, Штип Претор, Виница и Дебар, еден во Скопје, Битола, Кавадарци Охрид и Д.Капија, три во Гевгелија и четири во Дојран.

Во текот на денот ќе има повремени врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од дожд и од снег, каде врнежите ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 1 до 7 степени.

Во Скопје облачно, претпладне со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне пет степени.

Во среда ќе преовладува облачно време со услови за локални врнежи претежно од снег, а во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Од петок попладне и во деновите од викендот се очекуваат нови пообилни врнежи со засилен јужен ветер.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен