Изложба посветена на ГТЦ

Од:

Почнувајќи од денес, во наредните три дена граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ организира изложба на фотографии на тема „ГТЦ“ собрани преку социјалните медиуми, личните архиви на граѓаните, како и архивски стари фотографии од ГТЦ.

GTC_By  anaumceski

Ова ќе биде најголемата изложба на фотографии посветени на градскиот трговски центар а посетителите ќе имаат можност да видат над 300 фотографии кои датираат од почетокот на градењето на објектот кон крајот на 60-ите години на минатиот век, па се до денес.

GTC_By Nebojsa Gelevski

Меѓудругото, посетителите ќе можат да видат и ретки и оригинални фотографии од ГТЦ кои по прв пат ќе бидат јавно објавени, а ќе има и посебен колаж од слики од личната галерија на учесниците во изградбата на објектот. Исто така, на изложбата ќе бидат поставени и сите оние фотографии кои во изминатите денови беа испраќани од граѓаните на Скопје во рамките на конкурсот  „I <3 ГТЦ“ организиран од страна на иницијативата „Го сакам ГТЦ“.

GTC_By Vesna Naumovska

Од иницијативата велат дека секој заинтересиран граѓанин може да дојде и да ја погледне оваа ретка колекција на фотографии. Изложбата ќе биде поставена денес во паркот Жена – Борец и ќе започне во 16:00 часот, додека пак во четврток и во петок ќе биде отворена од 12:00 до 20:00.

GTC_By Vesna Naumovska

Изложбата на фотографии „I <3 ГТЦ“ е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во Општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26-ти Април и на кој граѓаните на Општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов