А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Изложба на историски фотографии за 60 години од Договорот од Рим

by А1он28/03/2017 - 08:42106
Share0

Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на Италија во Скопје денеска во фоајето на Македонската опера и балет организираат изложба „Уште поблиска Унија“ по повод 60 години од Договорот во Рим.

Следете a1on на Instagram Instagram

Изложбата е организирана од Историскиот архив на Европската унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на Европската унија, Дипломатскиот историски архив на италијанското министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на АНСА.

– На 25 март, ЕУ прослави 60 години од Договорот од Рим што го отвори патот за Европската Унија што ја знеме денес: повторно обединет континент за мир, заснован врз вредностите на солидарност, демократија и владеење на правото. Нејзиниот единствен пазар обезбедува слобода на избор и движење, економски развој и просперитет за 500 милиони граѓани, со што претставува најголемиот трговски блок во светот и најголемиот донатор на развојна и хуманитарна помош, соопшти делегацијата на ЕУ во Скопје.

Изложбата по повод јубилејот ќе ја отворат евроамбасадорот Самуел Жбогар и италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

Следете a1on на Youtube YouTube
euizlozba

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Горан Наумовски03/11/2026 - 14:12

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он28/10/2026 - 16:09

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Горан Наумовски28/10/2026 - 14:05

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски28/10/2026 - 07:0528/10/2026 - 07:05

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Горан Наумовски27/10/2026 - 21:14

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он23/10/2026 - 16:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео