Црвен крст на Град Скопје, како дел од активностите за одбележување на 17 март – Ден на основање на Црвениот крст на денеска во Музеј на Град Скопје ќе ја отвори изложбата на фотографии од авторот Виктот Лакен (Victor Lacken) Меѓународна федерација на Црвен крст.
Тема на изложбата, како што соопшти Црвениот крст на Град Скопје, е „Здравствена заштита за спасување живот на луѓето кои се во движење на Балканот“.
Изложбата сведочи за предизвиците со кои се соочуваат бегалците и мигрантите кои треба да пристапат до здравствена заштита на нивните долги и тешки патувања. Поставената изложба ќе биде отворена за сите посетители од 10 до 16 март.