Изградба на спомен обележје на Никола Карев во Свиланово

Од:

Започна реализацијата на градежните работи за изградба на спомен-обележјето на местото на загинувањето на Никола Карев – Свиланово.

Градежните работи ќе ги извршува „Евроградба Инженеринг“ ДООЕЛ од село Владиевци, Василево. Изведувачот е избран преку Центарот за развој на Источен плански регион, а надзорот е на „Венци Проект“ ДООЕЛ – Кочани.

Раководителот на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во општина Кочани Александар Гицов, рече дека спомен-обележје на Никола Карев ќе биде поставено на површина од 460 метри квадратни.

– Околината ќе се уреди со три настрешници. Комплексот содржи четири амфитеатрални реда поставени кон југ, кон спомен-обележјето. Во центарот на комплексот ќе биде поставена и сегашната спомен-плоча, а ќе бидат изградени и патеки и шеталишта. Од источната страна се планирани седум паркинг-места – информира Гицов.

Целта е овој дел од Осоговските Планини да биде привлечен за посетителите и да ги збогати туристичките содржини. Тоа ќе придонесе и за нови инвестиции во туристичката инфраструктура и за изградба на нови сместувачки капацитети.

Едновремено спомен-обележјето ќе му даде достојано значење на претседателот на Крушевската Република – Карев во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани.

Вкупната вредност на изведбените работи, согласно склучениот Договор помеѓу Центарот за развој на Источниот плански регион и Изведувачот изнесува 5.647.017 денари, од кои 5.197.515 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа – Биро за рамномерен регионален развој, а по 224.751 од општините Кочани и Чешиново-Облешево.

Според планираното, работите ќе бидат завршени до крајот на оваа година.

Одржувањето на ова спомен-обележје ќе биде одговорност на општините Кочани и Чешиново-Облешево.

Би можело да ве интересира

Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево

Ковачевски оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Крушево му оддаде почит на претседателот на Крушевската Република

А1он

Разрешена директорката на гимназијата „Никола Карев“

Ана Ололовска

ВИДЕО: „За последиците не ви гарантирам“, директорката на „Никола Карев“ предупредува, но вели дека го поддржува протестот на учениците

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Учениците од „Никола Карев“ следат настава со ракавици и јакни, за директорката тоа е нормално

Кристијан Ландов