Изгореа куќа и објекти во 11 пожари низ државава за 24 часа

Од:

Во изминатите 24 часа, на 112 – бројот за итни случаи, евидентирани се вкупно 2.122 повици, од кои како реални биле класифицирани 63.29 отсто. Единаесет пожари се регистрирани на отворено, како и неколку помали интервенции. Заради силен ветар, изминатото деноноќие изгореле и објекти и куќа, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникари интервенирале на запалени ниска вегетација и ѓубре во општините Битола, Валандово, Велес, Гази Баба, Долнени, Прилеп, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Тетово, како и во Штип.

Деветмина светиниколски пожарникари со четири противпожарни возила, синоќа од 17.07 до 19.46 часот, интервенирале на гаснење запалена ниска деградирана вегетација.

– Притоа, опожарени биле и една куќа и четири помошни простории, во село Малино. Со пожарот била зафатена површина од три декари, наведуваат од ЦУК.

Дванаесет велешки пожарникари со шест противпожарни возила од 16.26 до 19.35 часот, интервенирале на запалена ниска деградирана вегетација.

– Во пожарот биле зафатени и два стари – напуштени, воени магицина, во велешката населба „Речани“, зад хотелот „Монтенегро“. Зафатена била површина од 10 хектари ниска вегетација. Заради силниот ветар, постоела опасност за куќите на работ од населбата. ЦУК ја следеше ситуацијата, за ако е потребна помош, да ја координира од други градови. Но, пожарникарите ги одбранија куќите од пожарот, што заради силниот ветар, беше многу разгорен и со променлив правец на тој простор од 10 хектари, појаснуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација