А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб во Струга

by А1он21/07/2019 - 18:52625
Share0

Голем пожар ги пеплоса бараките во кои е сместен Едриличарскиот клуб во Струга, кој што се наоѓа во близина на „Машка плажа“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Брзата интервенција на Струшките пожарникари спречи поголема катастрофа, и не дозволи проширување кон други објекти. Нема повредени цивили, а еден пожарникар е хоспитализиран поради труење од чад.

Командирот на Територијалната противпожарна единициа Ристе Талевски за МИА информира дека е опожарен цел хангар каде што беше сместен Едриличарскиот клуб и предизвикана е голема материјална штета.

– Интервениравме со две против-пожарни возила и 13 пожарникари. Предизвикана е огромна материјална штета, но за среќа нема повредени цивили. Поради вдишување чад еден пожарникар е хоспитализиран, изјави Талевски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Поради силината на огнот, додаде, постоела опасност да бидат зафатени и локалните бараки.

– Пожарот е локализиран, работиме на целосна ликвидација. Спасени се надворешните едрилици, а постоеше опасност од зафаќање и на локалните бараки, посочи Талевски.

Причините за пожарот не се познати. По целосното гаснење, екипи на крим техника ќе работат на утврдување за причините.

pozarstruga

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Горан Наумовски12/10/2026 - 08:32

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он08/10/2026 - 12:34

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он05/10/2026 - 10:4205/10/2026 - 11:09

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 16:46

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он22/09/2026 - 18:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео