Изет Меџити го формираше Демократско движење

Од:

Демократското движење денеска во Скопје го одржа основачкото собрание на кое за негов преседател едногласно беше избран Изет Меџити.

Меџити пред присутните истакна дека првичната мисија на Демократското движење е да го обедини искуството од минатото со волјата на иднината.

-Не со политичка теорија, туку со искористување на искуствата оставени настрана и покрај искуствата и подготвеноста на возраста како и со ангажирање и поттикнување на младите луѓе со образование, знаење, стручност и енергии кои не се користат ни одблиску доволно. Искуството на возраста ја облагодарува волјата на младоста, посочи тој.

Информира дека ќе дејствуваат опозициски.

-Во историјата на Македонија може да биде единствен или редок случај кога за убедување ги оставивме позициите, заменик министер, директори, државни секретари, ја плативме цената заради нашите убедувања и тоа треба да се цени. Значи ние ова го правиме за декмокрартските процеси, да придонесиме за поголема демократија во Македонија и од позиција на власт преминавме во опозиција, истакна Меџити.

Рече дека нивната битка за зачленување во ЕУ подразбира поинакви жртвувања.

-Доживеавме војни против нас. Ги надминавме обидите за предизвикување конфликти во нашите, сега е редот да се бориме против нашите недостатоци, против ситните огорчености, кланизмот и непотизмот, пред се против себичноста што не спречува да разбереме и прифатиме дека успехот на секој од нас е придобивка за нас. Затоа Демократското движење смета дека не е доволно про -ЕУ вербализмот, репродукција на закони без почитување на правниот дух на ЕУ, зависност од бирократијата на ЕУ без прифаќање и спроведуавње на европските вредности, стандарди, критериуми и искуства кои и претходеа на создавањето на ЕУ. Не е доволно да бидеме про-ЕУ ако не се однесуваме како што сме и како што од нас бараат да станеме – Европејци во себе и Европејци во другите, изјави Меџити.

Би можело да ве интересира

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совлад и ДУИ

Меџити: Законот за игрите на среќа предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината

Меџити: ЕУ преку холандскиот амбасадор информира дека ДУИ стана главна кочница за интеграција на земјата во ЕУ

Горан Наумовски