Издавањето викендички на групи за славење на празниците е кривично дело, МВР со оперативна акција и патроли

Од:

Кривично дело е издавањето на викендици на групи на луѓе кои не се од исто семејство, посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој кажа дека веќе има оперативна акција од полицијата и се проверува издавањето на викенд куќи. Според него, за време на новогодишните празници, полицајците ќе прават увид и ќе поднесуваат пријави онаму каде ќе има групирања, што е спротивно на одлуките од Владата.

„Владата донесе сет на мерки кои ќе допринесат за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа се мерки кои не се популарни, но се неизбежни затоа што од една страна имаме ширење на болеста и ставање во опасност на животот и здравјето на граѓаните, а од друга страна е нормалното живеење на граѓаните. Секој од нас треба да допринесе да го спречиме ширењето на вирусот. Еден од заклучоците беше и во однос на издавањето на викендици за луѓе кои се групираат во групи. Нема забрана за издавање на викенд куќи за семејства, но кривично дело е издавање на викендици на групи на луѓе. Ние како МВР сериозно работиме, имаме оперативна акција за издавање на вакви викендици, веќе постапуваат колегите, превентивно реагираме уште сега до издавачите на викендичките за да знаат што може да ги очекува ако го прават тоа. Плановите за контрола се прават, а ќе почнат од наредната недела“, рече Спасовски.

Тој упати апел до издавачите на викенд куќи да внимаваат при издавањето на викенд куќи, а полицијата ќе постапува врз основа на законот.

„МВР ќе постапува врз основа врз основа на законот. Таму каде имаме сознанија дека има групирања на лица, во издадени викенд куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесе пријава. Тоа е кривично дело. Апел до издавачите, колку и да пари добивате за таа вика или викендица за новогодишната вечер, не се доволно за чувството дека ќе допринесете за здравјето на граѓаните. Да помогнеме на лекарите, државата, системот. Сите заедно да ги почитуваме мерките, ќе дојдат моменти на запирање на вирусот и организирање на прослави“, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена