Издадени првите одобренија за градба по електронски пат

Од:

Општина Кичево пред два дена ги издаде првите две одобренија за градење по електронски пат во Македонија. Вкупното времетраење на електронската постапка, при издавањето на првото одобрение, изнесуваше 27 дена, а само ден потоа, општина Делчево, издаде одобрение за градба по електронски пат, за период од 22 дена.

– Според рангирањето на Doing Business, светскиот рекорд за издавање на одобрение за градба, до крајот на 2012 година, изнесува 30 дена и го постигнал Хонк Конг, што значи нашите две општини го надминаа овој рекорд, посочуваат од Зедницата на единиците на локалната самоуправа на Рерпублика Македонија (ЗЕЛС).

Според ЗЕЛС, издавањето на електронските дозволи за градба покажа дека информацискиот систем „е-одобрение за градење”, воспоставен при Заедницата, е целосно функционален и овозможува брзо и транспарентно постапување од страна на локалните власти и оти општинската администрација е подготвена да се соочи со сите модерни форми на спроведување на своите надлежности.

– Воведувањето на овој информациски систем, од 1 јуни 2013 година, во согласност со Законот за градење, имаше за цел да го унифицира постапувањето од страна на надлежните органи и да обезбеди следење на роковите утврдени согласно Закон, заради што се очекува и во иднина постапките да траат значително пократко, од периодот пред воведувањето на електронскиот систем. Тоа е возможно во услови кога подносителот на барањето за одобрение за градење, поднел комплетна документација, посочуваат од ЗЕЛС.

Дополнителна предност на овој информациски систем, додаваат, е што инвеститорите можат барањето да го поднесат од било која локација, која има интернет пристап, независно дали е во земјава или во странство.

Со информацискиот систем „е – одобрение за градење” во моментов е овозможено електронско постапување по барања за издавање на одобрение за градење, доградба и надградба, а набрзо ќе биде овозможено, по електронски пат да се добиваат одобренија и за сите останати видови на барања, утврдени со Законот за градење.

Би можело да ве интересира

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски

Во Македонија се изградиле 2.335 станови во пандемиската 2020 година

Жарко Настоски

Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста, се бараат превентивни мерки

А1он

ВИДЕО: Сто нови згради и 20.000 нови станари во Расадник, Кисела Вода

Мери Јордановска

Градежниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот

Ана Ололовска

Симпозиум за конструкциите и природните катастрофи

Ана Ололовска