Издадени нови 1.792 потврди за намера за поднесување барање за азил

Од:

Министерството за внатрешни работи во изминатото денонокие им издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 1.792 странски државјани.

Од нив 1.101 се од машки пол, 262 се од женски, 364 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 65 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.355, Авганистан – 279, Ирак – 100, Иран – 25, Пакистан – 16, додека другите се во помал број, соопшти МВР.

Во периодот од 19 јуни до денеска, издадени се потврди на 85.064 странски државјани, од кои 56.735 се од машки пол, 11.579 се од женски, 14.167 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.583 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 67.543, потоа Авганистан – 6.587, Ирак – 4.245, Пакистан – 2.514 Палестина – 919, Сомалија – 623, Бангладеш – 570, Конго – 357, Иран – 348, Нигерија – 221, Камерун – 164, Еритреја – 163, Етиопија – 126, Судан -109, додека останатите се во помал број.

Во изминатото денонокие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска

Македонците втори најбројни баратели на азил во Исланд

Емир Латифовиќ

Досега 155.739 мигранти минале низ Македонија, 2.909 во изминатите 24 часа

Емир Латифовиќ

Издадени 2.140 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил

Емир Латифовиќ

Пункт за донации на азилантите од денеска во Кампот на слободата

Емир Латифовиќ

ЕЦПР: Владата да прекине со блокирање на граѓани кои ја напуштаат Македонија

Емир Латифовиќ