Иванов: УБК мора да се реформира

Од:

Шефот на државата се осврна и повика на отпочнување реализација на реформите, согласно препораките на Прибе. Тој рече дека УБК мора да се реформира и преку законски решенија да се искоренат бирократијата, монтираните процеси и клинентелизмот.

„Скоја политичка криза потекнува од работењето на УБК и нејзниот оддел за техничка подршка. Уште од 2015-та не се почитуваат препораките на Прибе, се монтираат случаи, надлежните институции не реагираат.Заложмници сме на тие монтирани слулчаи, апелирам да се сопре машинеријата на лаги.Да се изгради системско управување на системот за национална безбеност. Отсуството на вклученост во субјекти кои ги носат решенијата се уште проблем, оние кои треба да се реформираат ни ги носат реформите“, додаде Иванов.

Шефот на државата потенцираше дека евроинтеграциите остануваат високо во агендата на државата, па според него, треба да почнат да се предлагаат системски закони во кои ќе учестуваат сите политички субјекти.

„Навидум се предлагаат закони, кои се во согласност со ЕУ. Изгледа како да се нуди решение, но тоа не е ни близу. Доколку немаме конструктивен , професионален пристап и секако вклученост на опозицијата во сите одлуки што се носат, тогаш не сме на патот на реформите. Тоа го очекува ЕУ од нас и ние сме должни како негов партнер тоа да го направиме“, додаде Иванов.

Иванов рече дека и НАТО, останува важен приоритет за Макеоднија. Тој додава дека државата ќе остане и понатаму стабилен партнер и ќе работи на градење на довербата со алијансата.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски