Иванов: Политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов се огласи по бомбата на опозицискиот лидер Зоран Заев.

Еве што стои во писмената реакција од неговиот кабинет.

„Ја изразувам мојата целосна поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење на активности спротивни на уставно-правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела.

Повикувам, политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата. Само на тој начин ќе докажат дека нивните програмски определби се во интерес на демократијата во Република Македонија.

Како демократска држава мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се јавуваат во општеството. Истите мора да се решаваат по институционален пат.

Улогата на медиумите во демократското општество е да укажат на сето она што ги нарушува демократските процеси и е против интересите на граѓаните и државата. Во остварувањето на оваа улога ја имаат мојата целосна поддршка.“ – стои во изјавата на Иванов.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска