Иванов по средбата со папата Франциско: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Ватикан

Од:

Унапредување на соработката меѓу Република Македонија и Ватикан, предизвиците од мигрантската криза и предизвиците со кои се соочува христијанството во светот биле темите на разговор на денешните средби на Ѓорге Иванов со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

– Папата Франциско пројави интерес за состојбите во нашиот регион, за состојбите со беглаците и за сето она што се случува во нашето опкружување, изразувајќи загриженост за сите прогони на христијаните за страдањата што постојат, за она што се случува денеска во светот, изјави Иванов по аудиенцијата кај папата Франциск.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, тој изјавил дека е неопходно папата Франциско да придонесува кон подигање на надежта на луѓето со цел полесно справување со предизвиците во 21 век и како човечка цивилизација да влеземе во период на нормалност.

Иванов му заблагодарил на папата за интересот и грижата за Македонија, што Неговата Светост ја искажа во молитивите.

На средбите во Ватикан било разговарано и за актуелната состојба со бранот мигранти што ја погодува Италија, како и предизвиците од мигрантската криза со кои се соочува Македонија.

– Потенцирав дека покрај хуманитарниот имаме и безбедносен проблем на мигрантската криза, што е одговорност на самите држави. Затоа Македонија прави се за да придонесува за спречување на сите закани кои доаѓаат со овие бранови на бегалци. Затоа што, како што на боиштата во Ирак и Сирија, ИСИЛ ги губи своите позиции, тие ќе ги користат мигрантските бранови за да се дојдат во Европа, изјави Иванов, додавајќи дека последните настани во Манчестер укажуваат на последиците на кои ќе бидеме изложени.

На средбата со државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, Иванов изјави дека било разговарано за можностите за унапредување на соработката меѓу Република Македонија и Ватикан и било иницирано прашањето за подигнување на нивото на дипломатското претставување на Светиот Престол, преку отворање на Нунцијатура во Македонија.

Со средбите со папата Франциск и кардиналот Паролин, претседателот Иванов ја заокружи работната посета на Државата Ватикан.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, македонскиот претседател вчера ја посети базиликата „Свети Климент” во Рим каде положи венец на гробот на Св. Кирил. Македонскиот претседател ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде на негова иницијатива во знак на благодарност од името на целиот македонски народ во 2015 година беше поставена спомен-плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј.

Иванов ја посети и базиликата „Сан Паоло” каде положи цвеќе на гробот на апостолот Св. Павле.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Зеленски се сретна со папата

Ана Ололовска

Папата Франциск: Украина треба да се откаже од офанзиватa

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска