Иванов-Пахор: Потребно е намалување на тензиите и промена на реториката која постои на Балканот

Од:

Ѓорге Иванов денеска оствари средба со словенечкиот колега Борут Пахор во рамки на учеството на состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони“ процесот кој се одржува во Брдо кај Крањ.

Двајцата претседатели разговараа за продолжување на регионалната соработка, за активностите во рамките на учеството на Брдо-Бриони и улогата на Словенија во овој процес.

Македонскиот претседател ја поздрави иницијативноста и ангажманот на претседателот Пахор во насока на зголемување на регионалната соработка и искажа благодарност за поддршката која Република Словенија и ја дава на Република Македонија на евроинтеграцискиот пат.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации и за актуелните состојби и евроатлантските перспективи на регионот.

Претседателот Иванов истакна дека реториката која во последно време се повеќе е присутна во нашиот регион, не води кон зголемување на мирот и стабилноста, туку е својствена за некои минати времиња и ретроградно влијае на евроатлантските процеси и регионалната соработка.

– Потребно е намалување на тензиите и зголемување на дијалогот и меѓусебната доверба, бидејќи само на тој начин ќе можеме да ги решаваме предизвиците и проблемите кои се заеднички за целиот регион, нагласи претседателот Иванов на средбата со својот словенечки колега.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, Иванов нагласи дека отворањето на поглавјата 23 и 24 во преговорите ќе го дадат неопходниот поттик за интензивирање на реформските процеси во Македонија и позитивно ќе влијаат врз целокупната општествена атмосфера.

– Затоа потребно е час поскоро ЕУ да го промени својот однос кон проширувањето и евроинтегративниот процес на Република Македонија, рече Иванов.

На средбата беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Македонија и Словенија кои се развиваат во духот на пријателството, взаемното разбирање и доверба, и се нагласи потребата од натамошна блиска соработка во однос на мигрантската и бегалската криза преку соработка во областа на безбедноста и разузнавањето.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски