Загина 44 годишник по пад во бездна во Словенија – се обиде да го спаси синот

Од:

Маж (44) загина, а дете се здоби со тешки повреди во несреќа што се случи вчера попладне во близина на водопадот Савица во Словенија, недалеку од Бохињското езеро.

Планинската спасувачка служба од Бохињ, како што објавија на социјалните мрежи, првично доби пријава дека дете падна во бездна.

Кога спасувачите пристигнаа на местото на несреќата, открија дека во бездната паднаа две лица – дете и татко.

Спасувачите се спуштија кон речното корито, кое се наоѓа на речиси 60 метри под нив. Во акцијата се вклучи и тимот за планинско спасување од Брник.

Таткото почина на самото место, додека тешко повреденото дете со хеликоптер беше пренесено во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Според порталот „24ur“, несреќата се случи додека четиричлено семејство се враќаше од посета на водопадот Савица. Кога застанаа на место за одмор со маса и клупи, седумгодишното дете се оддалечи. Набргу потоа се слушнаа гласни крици.

44-годишниот маж веднаш потрча во правец на криците и падна, соопшти полицијата од Крањ. За време на спасувачката акција, спасувачите го пронајдоа во коритото на реката Савица, каде што почина од тешките повреди.

Во речното корито е пронајдено и тешко повреденото дете, кое исто така падна во водата.

Станува збор за семејство кое не е од Словенија, но не е објавено од која земја потекнуваат.

Би можело да ве интересира

Јанша постави услов за Србија: Нема напредок кон ЕУ без предавање на архивите на УДБА и ЈНА

А1он

Од струен удар почина 38-годишен маж

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари – запленета стока вредна 30 милиони евра

А1он

Јанша: „Нашето општество сè уште е подложно на пропаганда“

(ВИДЕО) По четири години уапсен во Љубљана: Американец обвинет за убиство на 15-годишна девојка во Тенеси

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он