Иванов ќе замине во странство без доделен мандат?

Од:

Во петок истекува 10-дневниот рок во кој Ѓорге Иванов треба да му го даде мандатот на Зоран Заев. Според информации од медиумите, Иванов нема да го дочека петок во Република Македонија. Во четврток ќе „одлета“ на службен пат.

ТВ 24 повикувајќи се на информации од парламентарното мнозинство објави дека до Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов е испратена гаранцијата што ја подготвуваат СДСМ и парламентарните коалициски партнери што Иванов ја побара за да го додели мандатот за состав на нова Влада.

Се работи за верзија на гаранцијата на која се очекува одговор од Иванов. Според нивни информации, доколку нема забелешки се очекува лидерот на СДСМ Зоран Заев во вторник и официјално во име на новото мнозинство ќе му ја достави гаранцијата и да го добие мандатот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во петокот на брифингот за новинарите рече дека неговите законски обврски кон Иванов завршиле и доколку тој во рок од 10 дена (19 мај) не го додели мандатот ќе следува втората варијанта, а тоа е формирање влада без мандат.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски