Иванов го осуди инцидентот во Битола

Од:

Ѓорге Иванов најостро го осудува денешниот инцидент во Битола во кој беше нападнат објектот на Националната установа „Музеј на албанската азбука“.

Како што соопшти неговиот кабинет, Иванов верува дека ова е изолиран случај и повикува инцидентот да не се злоупотребува за партиски, политички цели и за манипулација на јавноста.

Иванов смета дека кога државата се соочува со мошне сериозни предизвици, сите политички и општествени фактори се подеднакво одговорни за превенирање на какви било тензии и провокации, се нведува во соопштението.

Ѓорѓе Иванов апелира и до секој поединец да се однесува одговорно и да ги има предвид можните последици од ваквите инциденти.

Тој повикува на натамошно почитување и унапредување на меѓусебните односи и градење на заедничкиот соживот.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот