Иванов ги потпиша указите, останува уште Груевски да ги предложи Спасовски и Ременски за министри

Од:

Претседателот, Ѓорѓе Иванов, ги потпишал указите на пакетот закони што вчера беа донесени во Собрание, а со кои се регулира имплементацијата на договорот од Пржино, информираат од неговиот кабинет.

Законите ќе стапат на сила откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Во пакетот се наоѓа и Законот за Влада кој предвидува избор на министри и заменици-министри предложени од опозицијата, а договорени помеѓу политичките партии. Во скоро време треба да се одржи седница на Владата на која ќе се разгледа ова прашање. На Груевски е сега договорените министри да ги предложи до парламентот за Собранието да ги изгласа.

Од опозицијата очекуваат премиерот да го одложува предлогот за нови министри, како што беше и до сега кочен процесот за реализација на договореното од Пржино. Од таму веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе се обидува да „купи време“ со што ќе ја одолговлекува секоја точка од договорот пред предвремените парламентарни избори во април наредната година.

Според договореното, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, треба да го замени актуелниот министер Митко Чавков во Внатрешни работи, а Фросина Ременски да седне на местото на Диме Спасов во Министерството за труд и социјална политика. СДСМ ќе има свои кадри како заменици министри и во министерствата за информатичко општество, финансии и земјоделие.

Се шпекулира дека на местото на Иво Ивановски, кој ја напушти министерската фотелја во Министерството за информатичко општество и администрација, ќе биде назначена досегашната негова заменичка, Марта Арсовска-Томовска.

М.В.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски