Историчарите Албанци од Ахмети првпат слушнале дека Делчев носел кече

Од:

Изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека Гоце Делчев во некои прилики ставал кече на главата, изненади дел од Албанците историчари, објави „Лајм“.

„Тоа нема никаква смисла. Не знам зошто е дадена таква изјава и дали некој претходно изјавил такво нешто. Со полна одговорност велам дека тоа не е точно. Јас се занимавам со проучување на тој период од историјата и гарантирам дека не постои документ во кој се вели дека Гоце Делчев носел кече. Тој дури и не дејствувал во делот од Македонија каде живеат Албанци“ – изјави за „Лајм“ професорот Неби Дервиши.

И на историчарот Решат Неџипи не му е познато дека постои историски документ во кој се вели дека Делчев носел кече, а такво нешто не чул од никој друг, освен од Ахмети.

Пред неколку денови, лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека Гоце Делчев во определени прилики кога се среќавал со Албанци во Скопје, Битола и Прилеп, ставал кече на главата.

Историчарите велат дека се работи за пропаганден обид на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги намалат тензиите во јавноста по повод стогодишнината од албанското знаме – објави „Лајм“.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ