Истепан вработен на патарината пред Тетово

Од:

Десет непознати лица вчера вечер физички го нападнале вработениот на наплатната рампа на автопатот Гостивар – Тетово, ја откорнале металната шипка и со неа ја искршиле кабината по што заминале.

Според МВР, насилниците излегле од автобус со скопски регистарски таблички кој околу 20:30 часот пристигнал на патарината на влезот во Тетово за наплата.

По немилиот настан на вработениот Р.И. (53) од Тетово му била укажана лекарска помош во Клиничка болница – Тетово, по што бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов