Трговскиот центар Ист Гејт Мол денеска продолжи со работа од 13:00 часот. Делот за брза храна ќе биде затворен за посетители и деловна дејност, информираа во соопштение од трговскиот центар, по пожарот што избувна утрото на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна.
Во пожарот нема повредени и е причинета материјална штета. Веќе е завршен увидот за причините од страна на надлежните органи.
Трговскиот центар ќе продолжи со редовно работно време, до 22:00 часот.
Како што информираа од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје за МИА, во гаснењето на пожарот е интервенирано со 15 пожарникари и пет возила.