Исчистена депонијата во Момин Поток во Карпош

Од:

Комуналните служби на Општина Карпош исчистија уште една дива депонија, во Момин Поток, во должина на главната сообраќајница кај индустриската зона.

Како што информираат од Општината, исчистен е поголем кабаст отпад и шут, кој како велат, претставувал закана за животната средина во периферниот дел од општината.

– Во акцијата се вклучи и механизација на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, а отпадот соодветно беше одложен во депонијата Дрисла. На овој потег, локалната самоуправа ги интензивира и инспекциските контроли, за да не се повтори оваа слика, соопштуваат од Карпош.

Од Општината ги повикуваат сите граѓани и фирми соодветно да го одложуваат домашниот, електронскиот и кабастиот отпад.

На веб страната на Карпош објавени се сите информации и телефонски броеви за правилно ослободување од отпадот (линк: https://bit.ly/36uLHxu).

– Во изминатиот период, Општината исчисти повеќе децениски депонии во Карпош. Целосно е израмнет потегот од мостот „Газела“ до спортско – качувачката карпа. Исчистени се и депониите кај хотелот „Александар Палас“ и во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, како и сметлиштата во Злокуќани (кај фудбалското игралиште) и долж Лепенец (во Бардовци).

Овие депонии, во повеќе наврати беа потпалувани, што резултираше со поголемо аерозагадување. Општина Карпош продолжува со континуираната борба за почиста и поздрава животна средина, велат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Пожар на депонијата „Краста“

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско