Интегра најави тужба за Мицкоски: Ако не се извини, ќе бараме 100.000 евра за нарушување на нашиот углед

Од:

Политичката партија Интегра и нејзиниот лидер Љупчо Ристовски најавија тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доколку за 24 часа не се извини за неговите ставови изнесени на прес-конференција. Ристовски бара лично извинување на прес-конференција бидејќи тврди дека Мицкоски нема докази за искажаните ставови или во спротивно, преку судски пат ќе бара 100.000 евра за нарушување на угледот и честа.

„Природно е политичкот земјотрес кој Интегра го предизвика на последните парламентарни избори, да биде проследен со така наречени политички афтер шокови. Ја известуваме јавноста дека поради изнесените ставови на опозициската ДПНЕ, Мицкоски: ‘Имаме сериозни информации и докази дека финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се тука со мене исто така, тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозицијата и да се поделат гласовите’. За оваа реченица, тој ќе биде тужен“.

„Ние бараме од Мицкоски веднаш да го достави фамозниот доказ во јавност и на тој начин да ги прекине сите шпекулации на социјалните мрежи. Одговорно тврдиме пред Бога дека таков доказ не постои, ниту пак, тој го има. Ако за нашево барање не се огласи и да го стави на увид на јавноста наводниот доказ, бараме во рок од 24 часа, во ист формат, на прес-конференција, јавно да ми се извини, како лидер на опозициската Интегра, но и на членството. Доколку не добиеме такво извинување од Мицкоски, ние ќе покренеме тужба за оштетно побарување од 100.000 евра за нарушување на угледот и честа и интегритетот на претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски. Доколку ги добиеме овие пари во судскиот процес, ќе бидат донирани во здружение за дечиња со посебни потреби“, рече Ристовски.

Тој објасни дека ВМРО-ДПМНЕ сакале да ја преземат партијата Интегра преку пуч во раководството, но, сценариото пропаднало.

„Ние демантиравме дека наводни структури на Интегра преминуваат во ДПMНЕ. Тоа едноставно е лага. Станува збор за ликови кои се собрани од улица бидејќи се разрешени уште минатиот месец и не се во раководните структури на Интегра. Ме чуди како лесно го превеслаа Мицкоски и се ухлебија во нивната партија, која ги прибира опадоците од другите партии како Гога Сорос, Сафет Бишевац и други. Ги охрабрувам и така да продолжат, бидејќи така можат да станат конкуренција на АД ‘Дрисла’“, додаде Ристовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците