Институциите се растрчаа: контроли во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, два затворени

Од:

Во текот на вчерашниот ден извршени биле контроли на 16 угостителски објекти, од кои 10 во Тетово, а шест во Гостивар. Констатирани биле низа неправилности и од страна на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекта во Тетово.

Како што информира МВР, контролите биле спроведени вчера, од 10 до 15 часот. Во акцијата учествувале полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар заедно со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување.

Притоа биле преземени координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа