Иницијатива за промена на Законот за заштита на животните

Од:

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ објави онлајн петиција за промена на законот за заштита на животните. Во петицијата стои дека иницијативата има поддршка и од сите останати здруженија, како „Мали херои“, „Глас за животните“, „Асоцијација на активисти за права на животните“, „Фауна“ и други.

„Постоечкиот македонски Закон за заштита и благосостојба на животните, е неадекватен и ја губи својата основна идеја, а тоа е заштита на животните, бидејќи пропишува субстандардна заштита на животните, кои од страна на луѓето се искористувани и убивани во разни облици на општествена дејност. Законот е несоодветен и друи и во општите начела остава простор за многу манипулативни толкувања“, стои во петицијата.

Тие додаваат дека законот затајува во однос на сите европски и соседски закони за заштита на животните.

„… (Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија) направија сериозни исчекори за заштита на животните, пред се бездомните кучиња; создаваат Полиција за животни или Одделенија за превенција и сузбивање на мачење и убивање на животни; ги засилија казнените механизми при секој вид мачење, злоставување на животни; децидно ставија забрани за одгој на животни за крзно, забранија циркуси со животни, и внесуваат задолжителни едукативни програми за сензибилизација на населението во однос на животните и промовирањето на хуманоста“, пишува во онлајн петицијата.

Потписниците бараат адекватна заштита на животните и нивните права. Петицијата е упатена до Претседателот на Собранието на РМ и пратеничкиот состав, Претседателот на Владата, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенција за храна и ветеринарство, Законодавна-правна комисија и Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Моментално петицијата ја потпишале 762 граѓани.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска