Инфо ден за проектот за прекугранична соработка меѓу Кавадараци и Делта

Од:

Инфо ден се одржа деенска за проектот за прекугранична соработка помеѓу Кавадарци и грчката општина Делта.

Во еко проектот насловен „Локалните заедници во еколошки акции” се вклучени и УНЕСКО младинскиот клуб од Солун, како и ЈУМКА младинската организација од Скопје.

Тодор Ефремов, раководител на сектор за локален економски развој изјави дека целта е да се даде информација за активностите на локалната самоуправа во самиот проект  кој траеше 18 месеци.

– Во рамките на проектот во Кавадарци беа изградени 900 метри од колекторскиот систем на реката Луда Мара со што решивме голем дел од еден голем еколошки проблем. Преку неколку еко работилници исто така го истакнавме значењето на здравата животна средина. За овој еколошки проект од Европската Унија добивме 120 илјади евра, појасни Ефремов.

На инфо денот присуствуваа претставници на невладини организации, разни институции и ученици од основни училишта од Кавадарци.

Иван Штерјоски од ЈУМКА нагласи дека станува збор за исклучително успешен проект од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци