ВИДЕО: Инцидент пред градско собрание

Од:

Тензија, туркање, скршени стакла, мавање со пластични шишиња. Инцидент пред Собранието на Град Скопје кога група граѓани и претставници на опозициските партии се обидоа да влезат во салата, каде што власта сакаше да ги преимнува улиците и мостовите во главниот град. „Бугари, Бугари“, „Сакаме да влеземе, бидејќи Скопје е и наш град“, со овие извици незадоволните граѓани се обидоа да влезат во салата за седници.

Ова според опозицијата е народен отпор против насилничкото менување на историјата на Македонија од страна на власта. Според ВМРО-ДПМНЕ, раководството на СДСМ со ова покажа дека не верува во капацитетот на својата пратеничка група.

„ВМРО-ДПМНЕ на подмолен начин сака да го избрише ликот и делото на оние кои го дале животот за Македонија“, изјави Софија Куновска, советник во Град Скопје, СДСМ.

Таа вели дека ова е криминал и историски геноцид.

Александар Бичиклиски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, ова го оцени како крајно вандалски чин, што ја покажува ниската политичка култура на СДСМ.

Советниците на СДСМ беа надгласани од мнозинството и не се усвои нивниот предлог точката за преименување на улиците да се симне од дневен ред.

ВМРО-ДПМНЕ без опозиција донесе одлука за преименување на скопските улици.

<iframe width=”420″ height=”315″ src=”http://www.youtube.com/embed/Hd5MZ9CiMh4?rel=0″ frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

Би можело да ве интересира

Во Франција падна град со големина на топче за голф, одложени летовите за Париз, уништени лозја

(ВИДЕО) Во Шпанија падна град со големина на тениско топче, загина едногодишно девојче

(ВИДЕО) Бело како во зима: Силно невреме ја погоди Србија, драматични сцени снимени низ целата земја

А1он

ФОТО: „Bo Bowling“ во Skopje City Mall

Ана Ололовска

Промоција на нови 79 двокатни автобуси

Ана Ололовска

Без греење само потрошувачите од населбата Тафталиџе 2

Ана Ололовска