Граѓанското движење „Има иднина“ се согласува со оценките на ЕУ и САД според кои не се исполнети условите за одржување на фер и демократски избори во април 2016 година.
„Сметаме дека и покрај напорите вложени од сите страни, клучни делови од договорот од Пржино се смислено опструирани со единствена цел да се одбегнат договорените обврски во пресрет на изборите.
Покрај тоа, сметаме дека односот на дел од учесниците во политичкиот дијалог кон меѓународната заедница е недостоен и крајно неприфатлив, и му нанесува огромна штета на политичкиот процес како и на угледот на државата.
Приоритетот на сите граѓани се интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Во таа смисла напорите кои ги вложуваат претставниците на ЕУ и САД се добронамерни, пријателски и неопходни во заздравување на нашите руинирани политички и демократски процеси.
Поставувањето на интересите на малкумина, над заедничките национални и државни приоритети е погубно за државата.
Од тие причини, одложувањето на изборите и потребата да се исполнат сите договорени обврски во целост, се единствениот логичен и неопходен демократски чекор во насока на враќање на довербата помеѓу граѓаните во изборниот процес во Република Македонија.“, пишува во соопштението од „Има иднина“.
Го повикуваме Парламентот и пратениците од сите парламентарни партии да ја отповикаат одлуката за распуштање на парламентот во законски предвидениот рок, како би можело да се создадат основни предуслови за утврдување нов термин за одржување на предвремените парламентарни избори.