А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Илјада градежни работници ќе ги сертифицираат знаењата за енергетска ефикасност

by А1он08/10/2014 - 13:47123
Share0

Околу илјада работници од градежниот сектор кои имаат познавања од енергетската ефикасност ќе ги сертифицираат своите знаења, а уште 200 лица ќе бидат обучени за тренери во рамки на проект кој се спроведува во координација со Стопанската комора на Македонија.

Добивај вести на вибер

Проектот познат како „Обука на градежни работници за енергетска ефикасност“ се реализира во рамки на Build Up Skills иницијативата што беше воспоставена во Европа во јуни 2012 година.

Ќе се сертифицираат знаењата и вештините на пет занимања од градежниот сектор и тоа фасадери, столари, техничари за греење, ладење и климатизација, кровопокривачи и електричари. За нив огласот ќе биде објавен во мај следната година. Сертификатите што ќе ги добијат ќе бидат признани освен во Македонија, и во Хрватска и Словенија.

– Она што е важно е дека со овој проект ќе се воведе систем на препознавање на претходното знаење и искуство, односно знаењето на илјада градежни работници ќе биде сертифицирано. Од друга страна ќе имаме обучена работна сила која ќе гради енергетско ефикасни објекти и ќе ја подигнеме конкуретноста на градежниот сектор, истакна Јелисавета Георгиевска, извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

Во петте дејности ќе се обучуваат и тренерите кои ќе треба да ги препознаат знаењата и вештините кај работниците. Нивните обуки се очекува да започнат во февруари следната година.

Процесот на сертифицирање и обучување ќе се спроведе под мониторинг на Центарот за образование на возрасни.

– Улогата на Центарот ќе биде важна и по завршувањето на проектот затоа што не сакаме да останеме само на оваа група обучени работници. Заедно со Стопанската комора на Македонија ќе ја разгледаме можноста да обезбедиме одржливост на овие програми, подвлече директорката на Центарот за образование на возрасни, Линдита Ќазими.

Вкупниот буџет на проектот е 400 илјади евра, а ќе се спроведува во период од 20 месеци.

Согласно Стратегијата на ЕУ, Македонија до 2020 година треба да обезбеди 36,13 проценти заштеда на енергија во градежниот сектор. За тоа, на државата ќе и бидат потребни најмалку 9.800 до 16 илјади квалификувани градежни работници за енергетска ефикасност.

gradeznistvo

Би можело да ве интересира

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски16/06/2021 - 15:48

Во Македонија се изградиле 2.335 станови во пандемиската 2020 година

Жарко Настоски15/06/2021 - 16:4116/06/2021 - 00:14

Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста, се бараат превентивни мерки

А1он02/04/2020 - 15:43

ВИДЕО: Сто нови згради и 20.000 нови станари во Расадник, Кисела Вода

Мери Јордановска05/11/2019 - 13:3906/11/2019 - 12:48

Градежниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот

Ана Ололовска01/07/2019 - 13:11

Симпозиум за конструкциите и природните катастрофи

Ана Ололовска04/10/2017 - 08:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен