Илинден одбележан во Крива Паланка

Од:

На спомен-бистата на борците од Народноослободителната борба пред зградата на општина Крива Паланка денеска беше положено цвеќе во чест на двата Илиндена.

Цвеќе положи делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски, претставници од општинскиот Сојуз на борци од Крива Паланка, пратеникот во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска, делегација од партијата, граѓани…

– Овој ден е празник над празниците, ден кога ги славиме двата Илиндена со кои се означени темелите на македонската држава. Им го честитам празникот на сограѓаните и сите Македонци каде и да се, изјави градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

Честитки по повод големиот национален празник упати и пратеничката Митовска.

– Посакувам да си ја почитуваме историјата и да си ја сакаме сегашноста, со визија за иднината, зашто народ без минато нема иднина, порача Митовска.

Со едноминутно молчење присутните им оддадоа почит на паднатите борци.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка