Илијев: Општината е должна да обезбеди средства за масовниот спорт

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кочани Николчо Илијев од редовите на СДСМ на днешната прес-конференција истакна дека општината е должна да обезбеди развој на масовниот спорт и на рекреативните активности на граѓаните, на училишниот, студентскиот и спортот на лица со посебни потреби.

– Спортската јавност одамна бара поголем буџет и поддршка од локалната власт. Како кандидат за градоначалник сметам дека општината мора да му биде сојузник на спортот. Од општинскиот буџет мора да се издвојат повеќе пари за спортот. Пари што ќе бидат правилно, транспарентно наменети и чесно и отчетно потрошени од спортските здруженија и клубови. Со добро стопанисување, пари во спортот можат да доаѓаат и од бизнис-секторот. Добра локална економија може да овозможи поголема поддршка на спортот, истакна Илијев.

За спортско Кочани, истакна тој, ќе ги мотивираме сите клубови и поединци за упорно тренирање и постигнување резултати: фудбалерите, кошаркарите, ракометарите, борачите, гимнастичарите, каратистите. Дипломираните спортски работници ќе ги поддржиме да ги реализираат своите знаења и можности во спортот.

Илијев посочи дека треба да се вложат повеќе пари во спортските објекти, опрема, кадар и реконструкција и целосно оспособување на спортските објекти, нивно одржување и осовременување.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски