Илиевски од Тоде Мендол: Нова градинка за најмалите, за проширени капацитети и намалени листи на чекање за упис

Од:

Денес, кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски одржа прес конференција во населбата Тоде Мендол, каде најави изградба на две нови детски градинки, една во самата нас.Тоде Мендол и една во нас. Перо Чичо.

„Овие детски градинки ќе овозможат нов капацитет на прием на дечиња од предучилишна возраст и со нивната изградба значително ќе се намали листата на чекање за упис. По детално спроведени истражувања за тоа каде има најголема потреба од градинки, заклучивме дека токму овие две локации се приоритет, со што на нашите најмали ќе им обезбедиме правилен раст и развој со изградба на современи објекти на детски градинки согласно највисоките европски стандарди, изградени со енергетски ефикасни и еколошки прифатливи материјали. Финанисрањето на изградбата на овие објекти ќе се врши дел од општински средства, а дел од министерството за труд и социјална политика, како надлежно министерство“- објасни Илиевски.

Тој истакна дека целта е за четири години целосно да се реши проблемот со недостик на места во градинките.

„На најмалите да им обезбедиме соодветни услови за згрижување и социјализација. Секое дете заслужува место во градинка и растење со деца на своја воразст“- рече Илиевски.

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов