Три конкретни мерки со апел за што поскоро почнување со работа согласно посебени протоколи за заштита на вработените и посетителите, ќе соопшти денеска Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности, игротеки и останати при Сојуз на стопански комори (ССК).
Компаниите од секторот се жалат дека веќе четири месеци се затворени по донесената уредба на Владата за превенција од КОВИД-19.
-Како мали бизниси, за да почнат со дејност, овие компании освен сопствени имаат вложено и позајмени средства од роднини, пријатели, но и од комерцијалните банки, заложувајќи ги под хипотека и своите живеалишта, наведува ССК во најавата за прес-конференцијата.