Ибраимовски: Одлуката на Судот е циркус

Од:

Со одлуката на Основниот суд Скопје 1, започна циркусот со прислушувањето, вели лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

– Не можеме да останеме неми на една ваква судска одлука со која е паушална, непромислена, нестручна и поткрепена со недоречени факти и членови во законот. Како може судот да утврди дека видео записите се незаконски набавени без да поведе постапка или да бара од подносителот објаснување од каде ги набавил доказите? Ние како партија, сметаме дека со ваквата одлука на судот сакаат да направат хаос во овој предмет, недоречености – додава Ибраимовски.

Тој ја потсетува јавноста на снимка од разговор на Јанкулоска со заменик министерката за правда и цитира: „Кажи таму образложи така сплеткај да никој не те разбере, и ќе пројде“.

– Ова е вистината, така и оваа вчерашна одлука е донесена да се направи конфузија за случајот прислушување. Исто така реагираме на Судот зошто не донесе одлука уште многу порано, зошто токму сега кога опозицијата се врати во Собрание, и кога треба да се избере специјалниот јавен обвинител. Ова е уште еден доказ дека оваа власт владее институционално. За ваквите судии последниот збор го има народот и овој циркус ќе го спречи народот – додава Ибраимовски.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

А1он

(ВИДЕО) Коалицијата „Храбро за Македонија“ до ДИК ги поднесе листите за кандидати за пратеници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

A1on

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија