Ибраимовски: Груевски му ја дувна на прошетка

Од:

Партијата за целосна еманципација на Ромите реагира и укажува на власта за неодговрно однесување во преговорите, дали сте свесни што ќе се случи ако вака продолжите неодговорно, дали гледате дека Европа и САД прават голема офанзива за решавање на политичката криза, Вие од власта како да Ви е се едно.

Лидерот на Вмро-Дпмне, знаејќи дека ќе дојде Германскиот пратеник, му ја дувна на прошетка, народно кажано „Село гори, а баба се чешла“.

Дали знаете дека ваквата голема офазива што ја прават ЕУ и САД е последна опомена и доколку останете и понатака индолитентни, ќе не нема како Држава, ние како партија сме загрижени за Државата, а на вас по се ви одговар вака и сакате да ја уништите државата затоа што единствен начин да ги избегнете криминалите што ги имате е да пропадне државата, како партија сметаме дека народот македонски треба да ја земе државата во свои раце, седејќи дома и чекајќи некој друг да ни ја заврши работата сме во долема грешка.

Наши партиски извори дознаваат дека доколку нема да има договор Државата ќе ја изгуби Визната либерализација, Финансиска блокада и завршена работа со државата, после тоа следи распарчување на три дела, ова наша порака до власта треба сериозно да се свати ако ја сакаат Македонија.

Разберете еднаш за секогаш офанзивата на ЕУ и САД се на граница на чекање за разрешување на политичката криза, велат од ПЦЕР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Коалицијата „Храбро за Македонија“ до ДИК ги поднесе листите за кандидати за пратеници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

Орце Костов

Министерот без ресор Ахмедовски два часа го чекал кумановскиот градоначалник на средба, а тој не се појавил

Наум Локоски

Ибраимовски ја напушта министерската функција, ќе биде пратеник

Ана Ололовска

Ибраимовски: Додека Бајрам се смееше на бината, негов сопартиец мртов лежеше на асфалтот

Емир Латифовиќ

ПЦЕР: Бевме и остануваме во коалиција со СДСМ

Емир Латифовиќ