Асоцијацијата на архитекти и вечерва го бранеше ГТЦ од барокот. Собираа потписи, а архитекти говореа за значењето на Градскиот трговски центар.
Најавија дека од први јули, секој четврток ќе организираат настани за да докажат дека им е битен изгледот на ГТЦ.
Пред две седмици почна акцијата за одбрана на ГТЦ, кога со жив ѕид околу трговскиот центар над илјада луѓе фатени за раце порачаа дека нема да дозволат истиот да биде претворен во барокна зграда.
Идејата потекна од Асоцијацијата на Архитекти на Македонија кои го кренаа гласот против грубото газење на авторските права на архитектот Живко Поповски.