Дождливото време во Македонија ќе продолжи сe до недела, најавуваат метеоролозите.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, стабилизација на времето се очекува од понеделник. И утре ќе има повремени врнежи, но и кратки сончеви периоди, а за викендот наместа се очекуваат обилни дождови и појава на град.
– Сабота и недела нашево подрачје ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот. Ние овие денови бевме под серија влажни бранови од Медитеранот, така ќе биде и во сабота и недела кога повторно се очекуваат обилни врнежи од дожд. На места ќе има и грмежи, а можна е и појава на град, особено во попладневните часови – велат од УХМР.