И утре дожд

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне со услови за поинтензивни врнежи проследени со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Преку денот ќе дува слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 16 до 21 степен.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне нестабилно со услови за поројни врнежи и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот ќе продолжи период на променливо облачно време со почести врнежи на дожд кои наместа особено во попладневните часови ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски