И Луна парк во Скопје, вреден 8 милиони евра

Од:

По рингишпилот и пајтонот со липицанери, по скулптурите, фонтаните и црквите, во Скопје, градските власти планираат и нов Луна-парк.

Ни помалку ни повеќе од касата треба да се искешираат 8 милиони евра.

Градот Скопје подготвува нов договор за јавно приватно партнерство за финансирање, дизајнирање, изградба, работа и одржување на Забавен парк во Скопје. За Предлог одлуката за отпочнување на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство, на следната закажана седница на Советот на Град Скопје, ќе треба да се изјаснат и советниците.

„Со цел дополнително да се поттикне визијата на Град Скопје како развиен културно-историски и спортско-рекреативен туристички центар, една од долгорочните цели на Градот Скопје е реконструкција и изградба на нов и модерен забавен парк, кој ќе понуди нови објекти, повеќе реквизити за забава и возбуда, а во исто време и ќе пружи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој, европските модерни текови и вкупната економска политика“, стои во образложението од Градот Скопје .

Според условите во договорот, концесионерот е должен за дизајнот на Луна паркот, за финансирањето, изградбата, работата и одржувањето на модерниот забавен парк кој ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти. Концесионерот треба да изгради репрезентативен објект што ќе биде обележје за промовирање на градот Скопје, и да обезбеди соодветен квалитет на услуги во согласност со стандардите на ЕУ.

Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство, ќе се додели за период од 35 години, а паркот би бил сместен на локацијата на сегашниот Луна Парк. Градот очекува и зголемени приходи и годишна посетеност од 200 000 посетители,

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски