Хуманитарна акција за помош на Методи Митев од Кочани

Од:

Членовите на фолклорните друштва од Кочани, Оризари и горни Подлог, преку хуманитарна акција денеска се обидоа да обезбедат финансиски средства потребни за операција на кочанецот Методи Митев, кој боледува од хередитална параплегија и кому му е неопходна операција во Кина. За лекување и операција во Кина на Митев му се потребни 28 илјади евра.

– Подготвивме голем зелник со семе по традиционален старински рецепт како и баница, кои ги понудивме на штандот во паркот на револуцијата. Граѓаните на Кочани ја прифатија оваа наша идеја и за само два часа подготвените намирници изработени од вештите раце на жените домаќинки беа распродадени, изјави Ружа Стојмилова од Горни Подлог.

Методи Митев им се заблагодари на жените кои, како што рече, што позитивно се одзваа на неговата покана да донираат сукани специјалитети по старински рецепт и на тој начин да му помогнат.

– Исто така голема благодарност и до сите граѓани кои донираа за мене да ми помогнат да ги соберат парите кои ми се потребни за операција во Кина, рече тој.

Во акцијата за собирање средства за Митев денеска се вклучија и членовите на Литературниот клуб „Копнеж“ со скромен книжевен фонд од сопствени изданија, како и компаниите „Балкан лукс3 и „Пролет“.

Митев и понатаму продолжува со хуманитарните акции. До собирање на целосната сума за операцијата му недостасуваат уште 8.000 евра.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он