Хуманитарна акција на Клуб на жени Кавадарци

Од:

Клубот  на жени  Кавадарци, подржани од кандидатот за градоначалник Бетиан Китев, а во соработка со општинска организација на Црвениот крст Кавадарци, денеска  даруваа од срце, топла облека и обувки.

Во оваа акција учество земаа и жените од коалициони партнери од Сојузот за иднината.

Клубот на жени на СДСМ Кавадарци искрено се надева дека ваквиот пример ке го следат сите хумани луѓе и ќе даруваат од срце затоа што има многу семејства на кои  им е неопходна помош.

Бетиан Китев, ја поздрави акцијата и нагласи дека жените социјалдемократаки многу пати ја имаат покажано својата хуманост на дело, дека ќе даде подршка на сите наредни хуманитарни акции и ќе стори се што е во неговите можности да им се обезбеди достоинствен живот на сите социјално загрозени семејства.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он