Во организација на Црвен Крст – Кичево, денеска по повод денот на вљубените „Св. Валентин“ се спроведе активност од хуманитарен карактер.
На штандот за хуманитарната акција лоциран на булевар „Ослободување“ во близина на кичевските средни училишта, волонтери на Црениот крст продаваа украсно спакувани чоколадни срца.
– Оваа активност се спроведува традиционално веќе 10 години и имаме намера таа да продолжи и во иднина, рече Димитар Крстески, активист на Црвен Крст – Кичево.
Средствата собрани од оваа акција ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства.