Хуманитарен концерт „За подобро утре” во Кавадарци

Од:

„За подобро утре” беше насловен хуманитарниот концерт што синоќа се одржа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст, појасни дека настанот е во рамките на нивната програма за промоција на хумани вредности.

– Средствата од продадените влезници се наменети за помош на социјално загрозено семејство од селото Возарци. Вреди да се нагласи дека досега на неколку пати, младите од Кавадарци и Росоман, учествуваат во вакви хумани мисии и помагаат таму каде што е неопходно, додаде Каракулев.

На концертот настапија Класико бенд од Кавадарци, младите уметници Трајче Ѓорѓиев од Струмица, Мартија Станојковиќ од Куманово и Лина Пејовска од Скопје. Присутните уживаа и во хуморот на кавадарчанецот Златко Вузевски, насловен „Лакрдиите на Паја”, а претставени од повеќе кавадаречки актери.

Каракулев упати благодарност до сите кои настапија и до нивните фамилии, до Домот на културата и до сите волонтери од Црвениот крст, но и до сите кои купија влезници и на тој начин ја покажаа својата хуманост.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење