Хоџа: Владејчкото мнозинство е стабилно, едногласно сме против предвремени парламентарни избори

Од:

На оваа средба уште еднаш покажавме дека мнозинството е стабилно, дека владејачкото мнозинство треба да продожи. Сите се согласивме дека какви било процеси што би воделе кон предвремени парламентарни избори ќе бидат многу проблематични, тешки и за економската ситуација, социјалната и безбедносната во државата. Затоа сите едногласно сме против организирањето на предвремени избори, истакна генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, по координативниот состанок на премиерот Зоран Заев со лидерите на коалициските партнери.

Тој посочи дека сегашната Влада го добила мандатот во 2020 година и, како што рече, тоа што го презеле како одговорност на почетокот на составувањето на Владата се евроинтеграциските процеси, кои се многу важни.

– Се наоѓаме во многу деликатен процес и заради тоа треба сите заеднички да го искажаме ставот дека навистина е потребно да продолжи владејачкото мнозинство бидејќи целта и на оваа Влада кога се состави беше да се убрза процесот на евроинтеграции, рече Хоџа.

Тој, околу оставката на премиерот Заев, нагласи дека Беса не се согласуваат со тоа, но оти тоа е личен чин за кој премиерот само одлучува.

– Бевме информирани дека останува на оставката, нормално наше барање е за тоа да има простор за колку време тоа би се извршило, бидејќи сме во многу деликатна ситуција политичка, каде што навистина може каков било погрешен чекор да направи тотален хаос, а тоа реално би не однело до предвремени избори за што сите се согласивме дека не е момент, ниту има простор да се организираат, заклучи Хоџа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски