Хелсиншки: Ромите се најранлива етничка заедница во Македонија

Од:

На 8 април се одбележува Меѓународниот ден на Ромите, кој придонесува за подигнување на свесноста и потсетува на долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на оваа група луѓе. Ромите во Македонија се најранлива етничка заедница, која се соочува со дискриминација во речиси сите сфери на општественото делување.

„Одбележувајќи го денешниот Меѓународен ден на Ромите, сакаме да ја истакнеме нашата загриженост поради неимплементирањето на активностите од важечката Стратегија за Ромите во Република Македонија (2014-2020). Ја повикуваме државата декларативните заложби за подобрување на статусот на Ромите да ги преточи во конкретни акциски планови и афирмативни мерки за подобрување на статусот и интеграција на Ромите во сите општествени сфери. Во оваа насока, а имајќи ги предвид социо-економските услови за живот на повеќето припадници на ромската заедница, како и социјалниот ризик во кој се наоѓаат, загрижувачки е што во Стратегијата за Роми во Република Македонија социјалната заштита не е предвидена како посебна стратешка област за делување, што укажува на итна потреба од ревидирање на истата.

Имајќи предвид дека се уште постои системска дискриминација кон Ромите, особено во постапувањето на полициските службеници кон Ромите на граничните премини, непристапноста на жените Ромки до здравствена заштита и гинеколошки услуги и сегрегацијата на децата Роми, ја повикуваме државата да преземе активни мерки за спречувањето на дискриминацијата врз основа на етничка припадност и маргинализирана група.

Особено сме загрижени за системската сегрегација на децата Роми во образовниот процес, кои без никаква категоризација посетуваат училишта за деца со интелектуална попреченост или пак се распределени во посебни паралелки во редовните училишта, наместо да бидат вклучени и интегрирани во редовните паралелки.

Хелсиншкиот комитет продолжува да работи на заштита и унапредување на правата и слободите на припадниците на ромската заедница преку низа активности, а најдиректно преку имплементација на проектот “Следење и известување за прекршувањата на правата на Ромите”, финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија. Активностите од проектот ќе бидат спроведени во соработка со партнерските организации Рома СОС од Прилеп, Романо Авази од Тетово, РОЖМ Даја од Куманово, ЦРРЗ Баирска светлина од Битола, КХАМ од Делчево и Амбрела од Скопје. Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на локалните ромски граѓански организации за документирање, следење и пријавување на случаи на прекршувања на правата на Ромите, а проектот ќе се имплементира до крајот на ноември 2016 година.

За крај, им го честитаме овој ден на сите припадници на ромската етничка заедница со желба за подобрување на нивниот социо-економски и целосна интеграција во сите општествени сфери“, стои во соопштението на Хелсиншки комитет за човекови работи.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска