Хелсиншки комитет: Поддршка за иницијативата за референдум за изгледот на ГТЦ

Од:

„Преку ова соопштение би сакале јавно да ја изразиме нашата поддршка и да ја поздравиме иницијативата за референдум во Општина Центар за изгледот на Градскиот Трговски Центар – Скопје.

Како што знаете, нашата организација активно работи на полето на подобрување на демократските процеси во земјата и зголемување на граѓанската партиципација. Оттаму, иницијативата за овој прв граѓански референдум во Центар е значаен исчекор во развојот на граѓанското општество и активната улога на граѓанинот во процесот на донесување одлуки“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Референдумот претставува најавтентична форма на граѓанска демократија и можност да ги обедини сите граѓани кои се поделени по различни основи, овозможувајќи им заеднички да одлучат за важни прашања од интерес за заедницата.

Поради сето ова, сметаме дека ова е историски важен момент за македонската демократија и јавно повикуваме на поддршка од сите граѓани и организации кои ги делат демократските вредности. Истовремено, испраќаме апел до сооветниците на Општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум, со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализираат своето уставно загарантирано право“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска