Хаос во владината коалиција: Прво извинување до Ахмети, па потоа поддршка за министер

Од:

Последните неколку дена во јавноста е актуелизирано прашањето кој ќе биде новиот министер за здравство. Моментално не се шпекулира со конкретни имиња, но познато е дека стои отворена можноста новиот министер за здравство повторно да биде од редовите на Алијансата на Албанците.

Во поглед на конфликтот кој постои помеѓу Алијансата на Албанците и Демократската унија за интеграции по обвинувањата на Села дека Али Ахмети на 27 април направил обид за атентат врз него, редакцијата на А1он го контактираше Артан Груби од ДУИ со цел да ги произнесе ставовите на неговата партија дали доколку новиот министер за здравство е од партијата на Села ќе го поддржат или ќе има реконструкција на Владата.

-Официјален став од партијата дали ќе го поддржиме изборот за нов министер за здравство доколку биде од Алијансата на Албанците, немаме, не сме разговарале на таа тема, а дали ќе има реконструкција на Владата зависи само од премиерот Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече Груби за А1он.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека разговорите за избор на нов министер за здравство се во тек и дека се разгова за повеќе имиња. Тој најави и реконструкција на Владата доколку биде избран кандидат кој што не е од Алијансата за Албанците.

– Се уште немаме одлучено. Почнавме разговори со коалиционите партнери, се надеваме дека до крајот на оваа седмица ќе можеме да донесеме одлука. Сите опции се отворени, во моментов ниту јас знам кое ќе биде името, од која политичка партија, кој ќе биде избран од кандидатите, рече премиерот Заев на новинарско прашање по предавањето на донација за Клиниката за гинекологија и акушерство, рече Заев.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села по 27 април изјави дека „крвавиот четврток“ всушност било обид за атентат врз него од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Од тогаш ДУИ неколку пати побара од Села да се извини за ваквите обвинувања.

-Има голема загриженост во ДУИ, но и воопшто кај Албанците поради неоснованите небулозни обвинувања од страна на Зијадин Села кон Ахмети за настаните од 27 април кога се бираше Талат Џафери за претседател на Собранието, рече Артан Груби на вчерашната прес конференција.

А1он стапи во контакт и со лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, но тој не сакаше да да ги коментира односите со ДУИ и конкретно дали ќе му се извини на Али Ахмети.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ДУИ нуди „рамковен договор“ за економијата, бизнисот бара владеење на правото

ДУИ: Мицкоски стравува од победничкиот Европски фронт

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат

ДУИ: Меџити призна дека тој одлучувал за легализациите во Чаир, а не законот

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Орце Костов