Хан за „Стандард“: Има закани против пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да гласаат за Договорот

Од:

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за австриски „Стандард“ вели дека е запознаен со закани од страна на опозицијата против пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието. Тој од ВМРО ДПМНЕ побара да се откаже од, како што вели, деструктивниот пристап, и интересите на земјата и граѓаните да ги стави пред партиските. Додава дека партијата целосно ќе ја сноси одговорноста за затворањето на вратите на ЕУ за Македонија, ако не помине Договорот.

-Ова е целосно неприфатливо за партија која вели дека е про-европска, демократска партија, изјавил Хан.

Тој потсетува дека евроатлантската интеграција е декларирана цел на ВМРО ДПМНЕ, но дека партијата тоа треба да го докаже на дело и дека Договорот со Грција ги отвора токму вратите за интеграција во ЕУ и НАТО.

За еврокомесарот референдумот бил чисто консултативен и огромно мнозинство од граѓаните се изјасниле „ЗА“.

– Повиците за бојкот сведочат за недостаток од демократската зрелост, рече еврокомесарот.

Јоханес Хан смета дека предвремени избори носат ризик од пробивање на поставените рокови за Договорот за името и вели дека се сомнева дали Грција ќе биде во можност да го усвои во својот Парламент. Тој додава и дека нови избори не се гаранција за потребното двотретинско мнозинство.

– Сега постои шанса што треба да се искористи, во спротивно оваа единствена шанса да помине Договорот и со тоа патот кон членство во ЕУ може да се изгуби за долго време, можеби засекогаш, изјави Хан.

Тој додава дека ВМРО ќе биде целосно одговорно за таквото сценарио и пропуштената шанса што е важна не само за Македонија, туку и за целиот регион.

Австрискиот весник истакнува дека во моментов се водат повеќе процеси против високи челници на партијата и дека крилото на партијата што сѐ уште му е лојално на Никола Груевски се обидува да капитализира преку отпорот против Договорот од Преспа.

И македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој, според „Стандард“, ги застапува руските интереси, исто така, се противи на договорот што ги отвора вратите на земјата за членство во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на Државниот завод за ревизија

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе го добие мандатот, за да формира влада треба во Собрание да помине реорганизацијата на министерствата

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

ВМРО-ДПМНЕ: Доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант – ова е иднината на партијата која на тацна и ја даде државата на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем