Хан: Решение за спорот за името со лидерство и државништво

Од:

Спорот за името меѓу Македонија и Грција може да се реши во блиска иднина со лидерство и државништво во двете земји, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

– Ова е спор кој трае долги години. Постојат одредени чувства, особено во Грција, но знам дека актуелната грчка влада е посветена да го реши овој проблем, да најде решение со својот сосед. Уверен сум дека тоа може да се постигне во блиска иднина, вели Хан во изјава за Дојче веле.

Посочува дека е потребно лидерство и државништво не само да се најде решение, туку и за да се постигне согласност и да се обезбеди неопходното политичко мнозинство.

– Тоа е предизвик за лидерите во двете земји. Јас сум во постојан контакт со нив, и тие се многу посветени и знаат дека е важно да се најде решение затоа што таков нерешен проблем не може да остане меѓу две земји среде Европа, вели Хан.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он